– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Во Скопје од денеска се реконструира булеварот „Кочо Рацин“

Денеска почна реконструкцијата на коловозот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, еден од најфреквентните булевари во централното градско подрачје. На оваа сообраќајница ќе се отстрани постојниот оштетен асфалт и ќе се постави нов асфалтен слој на должина од 880 метри, на потегот од булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ до улицата „Свети Кирил и Методиј“.

Реконструкцијата на булеварот „Кочо Рацин“ ќе се одвива во наредните 40-тина дена.  Додека траат градежните работи, на булеварот „Кочо Рацин“ ќе се воведе привремен режим на сообраќај.

Лограње

X

Регистрација