– ММС
Вести Македонија

Законот за обвинителство влегува во собраниска процедура

Од владата за Канал 5 потврдуваат дека предлог законот за Јавно обвинителство во вторник влегува во собраниска процедура.

Очекуваме своите ставови пратениците да ги кажат во собранието, а ако имаат забелешки да поднесат амандмани. Градењето на дво-третинско мнозинство ќе биде во Собрание. Очекуваме поддршка од сите, особено што од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи кога поднесоа до министерството амандмани за претходниот текст на законот, предложија СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал и не прелагаа никакви кадровски промени, што значи дека во новиот текст е прифатен нивниот предлог, Јавното обвинителство на чело со Рускоска да ги води предметите на СЈО, велат од владата. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ пак Христијан Мицкоски, во интервју кажа дека владата практично ги прифатила нивниот предлог за интегрирање на СЈО во редовното обвинителство.

Лограње

X

Регистрација