Пожар попладнево избувнал во ресторан на плажа во центарот на Струга.

Од местото на настанот се издига густ облак од чад што ги вознемири капачите на околните плажи, пренесува Охрид Њуз.

Неофицијално огнот зафатил и едрилици кои се чувале во непосредна близина на ресторанот.

На местото на настанот интервенира струшката противпожарна единица.