ММС

Објавено на: 07/19/19 11:18 AM

Пресврт на Босфорот: Русите до Турците – па купете ги нашите „35-ки“

Да не е доста сериозно, би било многу забавно. Веднаш откако Америкнците по кој знае кој пат, но овој пат се чини дефинитивно, рекоа дека нема да и’ ги продаваат борбените авиони „Ф-35“ на Турција поради нејзината набавка на руските ракети „С-400“, стигна предлог од Русија.

Русите велат дека се подготвени на Анкара да и’ ги понудат за купување најсовремените руски авиони „сухој су-35“, пренесува ТАСС.

Министерот за надвоешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, веќе има изјавено дека Турција ќе разгледува понуди за купување авиони од Русија или од други земји ако САД одбијат да им ги дадат „Ф-35“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1