ММС

Објавено на: 07/19/19 9:49 AM

Пронајдени 48 мигранти во товарно возило на скопјанец

Во товарно возило „Мерцедес Атего” со скопски регистарски ознаки вчера во близина на валандовското село Грчиште биле пронајдени 48 лица-мигранти од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш.

Како што информираат од МВР, кај базата на „Македонија пат”-Гевгелија вчера во 13.30 часот полициски службеници дале знак за запирање на товарното возило управувано од Ж.В.(26) од Скопје. Возилото не застанало и во близина на село Грчиште, Ж.В. го запрел возилото и почнал да бега, но набргу потоа бил пронајден и лишен од слобода. При прегледот во возилото биле пронајдени 48 лица-мигранти, од кои 38 лица од Пакистан и десет од Бангладеш.

Ж.В. бил предаден во Полициската станица Гевгелија и по целосно докуменирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1