ММС

Објавено на: 07/18/19 6:26 PM

Мајчина душица – природен лек за многу болести

Мајчината душица е растение со кулинарска, медицинска и декоративна употреба. Припаѓа на родот Thymus, а латинско име и е Thymus vulgaris. Цветовите, листовите и маслото од мајчина душица, луѓето најчесто ги користат при третирање на мокрење во кревет, дијареја, болки во стомакот, артритис, болки во грлото, настинка, бронхитис и гасови.

Во Античкиот Египет мајчината душица се користела за балсамирање, во Античка Грција како темјан во храмовите и додаток во водата за капење. Етерично масло од мајчина душица содржи 20-54% тимол.  Тимол припаѓа во групата соединенија позната како „биоциди” (супстанции кои можат да ги уништат штетните организми). Кога тимолот се користи заедно со други биоциди, како што карвакол, поседува силни антимикробни својства. Истражувањата покажуваат дека тимолот од мајчината душица доколку се употребува заедно со лекови како што е пеницилинот, ја намалува отпорноста на штетните бактерии.

Решете го проблемот со акните со помош на мајчина душица

При тестирање на тинктурите од невен и мајчина душица за одредување на ефектите врз бактериите кои предизвикуваат појава на акни, научниците во Лидс откриле дека препаратите од мајчина душица се многу поефикасни при третирање на акни во споредба со кремовите кои често пати се препишуваат од страна на лекарите.

Мајчината душица ги уништува ларвите на Тигрестиот комарец

Тигрестиот комарц потекнува од тропските и суптропските области на Југоисточна Азија. Од 1990 година комарецот е забележан во други делови на светот, а претставува вектор за пренос на штетни вируси, како што се вирусот Западен Нил, вирусот на жолта треска и други. Истражувачите од Националниот универзитет во Јужна Кореја, утврдиле дека комбинацијата од тимол, алфа-терпинени и карвакол е ефикасна при уништувањето на ларвите од Тигрестиот комарец.

Штити од алиментарни бактериски инфекции

Мајчината душица дури и во ниски концентрации може да се користи како природен конзерванс на прехранбени производи. Една полска студија докажа дека тимолот од мајчината душица е ефикасен против бактериски соеви на стафилококи, ентерококи, ешерихија и псеудомонас родовите, кои се најчести предизвикувачи на труења од храна кај човекот.

Мајчината душица превенира појава на рак на дојката

Онколозите од Универзитетот во Турција спроведоа студија за да го утврдат ефектот на дивата мајчина душица врз ракот на дојката. Во списанието Исхрана и Канцер, објавија дека мајчина душица ги уништува клетките на ракот на дојката. Тие заклучиле дека дивата мајчина душица “може да биде ветувачки кандидат во развојот на нови терапевтски лекови за третман на рак на дојка.”

Мајчината душица е ефикасна при кандида

Габичката кандида е причина за појава на габични инфекции на устата и вагината, а карактеристично е тоа што оваа инфекција често пати се повторува. Во списанието Planta Medica 10 е објавено дека етеричното масло од мајчина душица значително ја уништува кандидата.

Ја продолжува стабилноста на маслата за готвење

Оксидацијата на мастите е сериозен проблем за време на преработката на храна и складирање, што доведува до загуби на квалитетот, стабилност, безбедност и хранлива вредност. Научниците од Институтот за земјоделски науки и храна биотехнологија во Варшава, Полска, утврдија дека екстрактот мајчина душица ја продолжува стабилноста на сончогледово масло.

Имајте убава кожа со помош на мајчина душица

Дерматолошките (кожните) проблеми се заеднички во руралните и урбаните области, а во посиромашните делови од светот, традиционалните препарати од растително потекло се единствениот избор за луѓето, како алтернатива за синтетичките лекови. Докажано е дека 66,5% од лицата со егзема, успешно биле излекувани со крем кој содржел 3% етерично масло на мајчина душица.

Преземено од: sezahrana.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1