ММС

Ќерката на Пол Вокер сè попопуларна на Инстаграм

Дваесетгодишната Медоу Вокер, ќерка на трагично починатиот актер, Пол Вокер, гради успешна манекенска кариера, што и го покажа со неколкуте професионални фотографии кои ги сними како модел.

Медоу има безмалку два милиона следачи на Инстаграм, а голем удел во нејзината популарност има и тоа што е ќерка на холивудската ѕвезда од серијалот филмови „Брзи и бесни”.

Кога Вокер 2013 година загина во сообраќајка, таа имаше 14 години. Медоу на осумнаесетгодишна возраст потпиша договор со модната агенција Women Managemen под чија закрила работат некои од најпознатите модели на денешницата.