– ММС
Вести Свет

Во Макрон била заљубена и ќерката на неговата сопруга

Во сегашниот претседател на Франција, Емануел Макрон, била заљубена ќерката на неговата сегашна сопруга Брижит Лоренс. Таа со Макрон одела во средно училиште, а кога дошол во нејзиниот клас постојано зборувала за него и било очигледно дека и’ се допаѓа, раскажале нејзините тогашни пријатели, а пренесува „Дејли меил“.

Меѓутоа, нејзината мајка во него лудо се вљубила и ги шокирала сите, открива помладата ќерка на Брижит, Тифани, во документарцот „Брижит Макрон: Француска новела“, во која ги раскажала деталите за самиот почеток на шокантната врска помеѓу нејзината мајка и 24 години помладиот Макрон. Тифани признава дека за неа, за нејзината постара сестра и за постариот брат Себастијан тоа било трауматично искуство.

– Првпат слушнав за Емануел кога имав девет години. Лоренс, која, како и Макрон, тогаш имаше 15 години, се врати од училиште и рече:„Мамо, имаме едно лудо момче во класот кое знае се’ за се’.“

Набрзо потоа Макрон почнал да доаѓа во нивната куќа, но не кај нејзната сестра, туку кај мајка и’, тогаш 39-годишна професорка по француски, а држела часови и по глума.

– Беа опиени еден од друг и тоа сите го гледаа. Татко ми, штом виде што се случува, веднаш се исели од куќата и се пресели во Лил, каде што и работеше. Кога Емануел на 16 години и’ изјави љубов на мама, неговите родители од неа бараа да прекинат додека тој не наполни 18 години. Мама, меѓутоа, и’ одговори:„Не можам ништо да ви ветам“ – раскажува Тифани.

Двојката 13 години ја одржувала врската од далечина. Кога таа во 2006 година конечно се развела од сопругот, Макрон ја побарал за жена.

Брижит Макрон не сакала да учествува во документарниот филм, но во него е објавена нејзина поранешна изјава дека и’ е жал за тоа што го поминале децата поради неа.

„Знам дека ги повредив своите деца и тоа е работа за која ми е најмногу непријатно. Но, ако не направев ваков избор, би го пропиштила целиот свој живот“, рекла Брижит.

Лограње

X

Регистрација