Панчевски суспендиран, за Вангеловски одложено разрешувањето
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/17/19 6:48 PM

Панчевски суспендиран, за Вангеловски одложено разрешувањето

Поранешниот судија на Кривичниот суд Владимир Панчевски, кој е обвинет за местење судски предмети, денеска е суспендиран од Судскиот совет на Република Северна Македонија. Советот не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Како што е наведено во соопштението објавено  на веб – страницата на Судскиот совет, на денешната седница е донесена одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија, а  одлучувано и за одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на РСМ, во врска со извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Советот утврдил престанок на судиската функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово поради исполнување на услови за старосна пензија, а констатиран е престанок на функцијата судија-поротник на Основниот кривичен суд – Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, исто така поради исполнување на услови за старосна пензија.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7