ММС

Објавено на: 07/17/19 1:38 PM

Алијансата на Албанците: Отпадот наместо во Дрисла завршува во тетовските ниви

Од Алијансата за Албанците на прес конференција обвинија дека отпадот кој се остранува од дивата депонија каде треба да се гради пречистителната станица наместо во Дрисла завршува по нивите во тетовско.

Според Алијансата за Албанците отпадот според договорот кој општината го склучила со УНОПС Норвешка требало да заврши во скопската депонија Дрисла, а сега истиот се расфрлула низ полошките полиња. На овој начин се злоупотребуваат парите од УНОПС.

Од Општина Тетово не сакаа да го коментираа случајот. Велат дека се што имале да кажат, кажале на настанот каде била најавена изградбата на пречистителната станица.

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1