Бугарија со највисока стапка на смртност од земјите-членки на ЕУ - ММС
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/17/19 11:09 AM

Бугарија со највисока стапка на смртност од земјите-членки на ЕУ

Со 1.602 смртни случаи на 100.000 жители, Бугарија има највисока стапка на смртност од земјите членки на Европската Унија во 2016 година, а просекот на ЕУ е 1.002 починати на 100.000 жители, покажува извештајот за стапката на смртност што го објави статистичката канцеларија на ЕУ, Еуростат.

Во Бугарија во 2016 биле регистрирани вкупно 106.542 смртни случаја. Стапката на мсртност кај Бугарите е 2.007 на 100.000, а 1.300 кај Бугарките.

Најблиску до Бугарија се Летонија и Романија – со по 1.476 смртни случаи на 100.000 жители, па Литванија (1.455), Унгарија (1.425). На другиот крај на скалата (со најниска стапка на смртност) се Шпанија (829), Франција (838), Италија (843), Малта (882), Луксембург (905), Шведска (913).

Во 2016 година во Европа починале 5,1 милиони луѓе, што е помалку за околу 80.000 во однос на 2015.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7