– ММС
Вести Македонија

Коњи на пат, несовесни поединци ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

Коњи на патот пред Глишиќ се регистрирани утринава, животни на пат не се ретка слика во Тиквешко. Јованче Колев, инспектор за животна средина и комунални дејности при кавадаречката локална самоуправа, потврдува за МИА дека несовесни поединци ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот.

– При вакви случаи се пронаоѓаат сопствениците на животните. Тие добиваат опомена за да внимаваат на нив, се со цел да нема општа опасност за учесниците во сообраќајот. Иако казните се најнепопуларна мерка, ако опомените не вродат со плод, можно е да се изрече и глоба, нагласи инспекторот.

МИА

Лограње

X

Регистрација