– ММС
Вести Македонија

Кампања на Црвен Крст Гостивар  „Твоето незнаење чини живот”

Општинската организација на Црвениот крст во Гостивар од денес ја започна кампањата „Твоето незнаење чини живот”, во чии рамки се предвидени бесплатни обуки по прва помош за возачите.

Целта на кампњата „Твоето незнаење чини живот”,   е  оние кои седнуваат зад волан да се потсетат на начините на пружање прва помош и да го обноват своето знаење од оваа област со што ќе се спречат поголеми здравствени последици, но и жртви во сообраќајни несреќи , велат од Црвениот крст Тетово.

Обуките ќе ги држи стручен тим со соодветна лиценца, составен од доктор и демонстратор. Во кампањата понатаму ќе бидат вклучени и јавни личности од Гостивар како спортисти, уметници и други.

Зоран Димовски

Лограње

X

Регистрација