– ММС
Вести Македонија

Утре почнува кампања за заштита од пожари

Дирекцијата за заштита и спасување од 15 јули до 15 август годинава на целата територија на државата ќе спроведува кампања за заштита од пожари. Ќе се едуцира населението за намалување на заканите од пожари со помош на едукативен прирачник и постери со чекори за заштита во случај на шумски пожари. Ова денеска на прес-конференција го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски:

„Кампањата ќе вклучува делење на прирачникот за намалување на заканите од пожари, како и поставување едукативни постери на централни локации во Град Скопје и на фреквенти места, на наплатните станици, на влез на националните паркови, на граничните премини, во сите градови низ државата каде ќе бидат вклучени и сите 35 подрачни единици на Дирекцијата за заштита и спасување, на излетничките места и места близу шумите“.

Во рамки на кампањата, на 20 јули годинава во 18 часот на манифестацијата „Самерленд” во Градскиот парк во Скопје Дирекцијата за заштита и спасување ќе има свој штанд со едукативни материјали.

Тој потсети дека во соработка со МВР и со МЗШВ преземени се одредени превентивни мерки уште од март годинава кога е донесена забраната за движење во шуми и шумско земјиште, освен за вработените на ЈП „Национални шуми” и други субјекти што управуваат со заштитените подрачја од сите категории. Оваа забрана ќе биде во сила се до нејзино отповикување.

Тимот на ДЗС работи на изготвување на семеен прирачник што ќе биде промовиран на есен.

Лограње

X

Регистрација