– ММС
Забава

Фанови на Мајкл Џексон ги тужат неговите наводни жртви

Обожаватели на Мајкл Џексон ги тужеле за клевета пред француски суд двете жртви, Вејд Робсон и Џејмс Сејфчук, кои наводно поп пејачот ги злоставувал. Робсон и Сејфчук, кои сега имаат 41 и 37 години, го обвиниле Џексон во четиричасовниот документарец дека наводно долги години сексуално ги злоставувал додека биле малолетни, во 80. и 90. години од минатиот век.

Иако не се француски државјани, против нив е поденсена тужба во таа земја бидејќи во Франција е забрането со закон да се изнесуваат кривични обвинувања против починати – објави Си Ен Ен.

Фановите ги тужат двајцата за симболична сума од едно евро, поради, како што се наведува, „нарушување на спомените за починатиот“. Адвокатите на Робсон и Сејфчук во САД изјавиле дека тужените немаат коментар за случајот.

Претставници на судот во францускиот град Орлеан, каде неодамна е одржано сослушување за овој случај, наведуваат дека тужените не присуствувале и дека немаат правни застапници во Франција.

Лограње

X

Регистрација