– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Осумдесет возачи заработија казни за брзо возење во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во периодот од 06.00 до 24.00 часот казни 80 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната во населено место на подрачјето на Град Скопје.

Во спроведената зајакната акциска контрола полицијата констатирала и 52 останати прекршоци.

Во периодот од 19.00 до 24.00 часот, соопшти денеска МВР, е спроведена и акциска контрола за прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се констатирани осум прекршоци сторени од возачи на моторцикли.

Лограње

X

Регистрација