Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/13/19 2:22 PM

Фирмите добија 196 милиони евра поврат на ДДВ во првото полугодие, за 20% повеќе од лани

Преку 12 милијарди денари или 196 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јуни е поголем за околу 20% во однос на истиот период лани или за скоро 2 милијарди денари.

Ако се направи споредба пак со 2017 година, повратот на ДДВ во првото полугодие е повисок за 3,2 милијарди денари или за околу 37%. Во споредба со 2016 година повратот е повисок за 4,9 милијарди денари или 69%.

Заменик министерката за финансии Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите.

„Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници“, вели Елези.Таа додава и дека засилената активност на фирмите се покажува преку високиот раст на брутоинвестициите од 9,9% во прво тримесечје од 2019 година.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7