– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради снимање рекламен спот

Поради снимање рекламен спот, утре и в понеделник во Скопје ќе има посебен сообраќаен режим во времето од 19.00 до 06.00 часот.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на дел од бул.„Гоце Делчев” од крстосница со ул.„Лазар Личеноски” до крстосница со бул.„Филип Македонски” (00:30 – 04:00 часот), дел од ул.„Димитрија Чуповски” од крстосница со бул.„Даме Груев” до крстосница со ул.„11-ти Октомври” (23:30 – 01:00 часот), дел од бул.„Св. Кирил и Методиј” од крстосница со бул.„Кочо Рацин” до влез во ТЦ Рамстор (00:30 – 04:00 часот) и дел од бул.„Јане Сандански” од крстосница со бул.„Србија” до влез во ТЦ Капитол (02:00 – 04:00 часот) во Скопје и за таа цел сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Лограње

X

Регистрација