– ММС
Вести Македонија

30-ка со кромид препорачува Груевски

Над 12 минути трае снимениот разговор меѓу поранешната министерка Гордана Јанкуловска и екс премиерот Никола Груевски за убиството на Мартин Нешкоски. Дел од оваа снимка беше презентирана од страна на Зоран Заев, во време кога се објавуваа снимените прислушувани разговори. Комплетната снимка вчера ја објави Груевски, откако претходно беше избришана истата снимка на  Ел Чека.

-Монтираниот аудио материјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната ‘бомба’ чија ‘експлозија’ требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел кулминација на политичката криза која ја создаде“, напиша Груевски  на Фејсбук.

– Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа – одговори премиерот Зоран Заев.
На снимката се слуша како Урко два дена ги лажел во МВР за да го скрие убиството на Нешковски и да ги заштити своите пријатели, кои Груевски ги бркал, а тој ги враќал на работa. Груевски ја прашува Јанкуловска каде може да го тргнат Урко- во канцеларија или да му дадат началничко место, а таа го советува дека додека му е телохранител има помалку време за глупости. За Спасов, кој го уби Мартин, Греувски вели дека ќе му следува „30-ка со кромид“. Сепак, на крај беше направен обид убиството да се скрие, за што преку прислушуваните разговори дозна целата јавност.
Мартин Нешковски беше брутално претепан на 6 јуни, 2011-тата, на плоштадот Македонија, за време на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, а МВР тогаш излезе со став дека нема информации за настанот. За убиството, на 14 години затвор, беше осуден припадникот на МВР – Игор Спасов.
Снимката на овој линк: https://rutube.ru/video/e7d38a8a147647bd313d0d6d7edb9742/

Лограње

X

Регистрација