– ММС
Вести Македонија

Усеини си ја отвори пицеријата, а на новинарите им порача :„Занимавајте се со други дивоградби“

Со огномет, многу познати гости, балони и сечење ленти, советниот во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини ја отвори својата пицерија во заштитеното подрачје на Охрид, која за Општината е дивоградба, без дозвола за градба. Лентата ја пресече заедно со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој минатата недела се колнеше пред францускиот амбасадор дека долж Охридскиот брег ќе нема ниту една дивоградба.

Усеини  негира дека пицеријата е дивоградба  и тврди дека не градел туку само реновирал угостителски објект кој е негов 15 години. Од Општината Охрид соопштуваат:

„Надлежен градежен инспектор има направено записник и решение за уривање на овој објект, бидејќи инвеститорот нема добиено дозвола за градба.Со овој објект ќе се постапува согласно законските процедури за бесправно изградени објекти“, соопштуваат од Општината Охрид.

Нефи Усеини не се криеше од новинарите, туку на сите им одговараше исто, но со различен речник. На сите им порача – Ве молам оставете ме на мира, да не бидам безобразен. Расправајте се со други дивоградби“!

Инаку, како член на Советот на Општината Охрид, Усеини треба да се бори за законитоста во градењето во општината, особено што градот е соочен со предизвикот на уривање на над 400 дивогради за да го зачува статусот Град на УНЕСКО.

– Оваа фотографија е прст во окото на сите кои се бореа и се борат за право и правда. Наакана и дрска порака: МИ СЕ МОЖЕ, БРЕ! Носете се вие заедно со УНЕСКО! Партискиот пазар гази без оглед на здравиот разум и триумфира во срцето на Охрид, карши Чинарот. Ако може да се лаже УНЕСКО, може и да се газат критичките гласови и здравиот разум, напиша Владимир Милчин на Фејсбук.

Во реакциите на социјалните мрежи едно од подосетливите решенија е и ова:

„Ме интересира дали ќе сме фраери да ја бојкотираме пицеријата на Нефи. А и нема да е лошо да се здружиме и да ставаме лоши критики на трип адвајзер“, напиша корисник  на Твитер.

Лограње

X

Регистрација