– ММС
Вести Македонија

Апел за поголема совесност до оние кои престојуваат на Стража и фрлаат отпад

Општина Маврово и Ростуше и Јавното комунално претпријатие „Маврово” упатија апел до сите оние кои престојуваат на превојот Стража да бидат повнимателни за тоа каде ќе го фрлаат отпадот што го прават.

– Апелираме до сите случајни минувачи, туристи и граѓани на нашата општина да внимаваат каде го исфрлаат отпадот од нивните автомобили со цел да се заштити животната средина, а и ние како Јавно комунално претпријатие задолжено за собирање на сметот, да не бидеме први на удар во јавните медиуми, стои во апелот.

Оваа реакција следува, како што се наведува, откако биле цел на неколку портали за тоа како имало смет на Стража и како претпријатието ништо не сме превземало за тоа.

– Сите што не следат на нашата фејсбук страница знаат дека неколкупати оваа година организиравме акции со кои целосно се исчисти сметот од населба Маврови Анови до Стража. Исто така и денеска нашите вработени излегоа да го исчистат тоа што несовесните граѓани секојдневно го исфрлаат на сите излетнички места, се наведува понатаму.

Ние,се посочува, како едно од помалите комунални претпријатија во најголемата општина по територија во нашата држава, некако успеваме да се справиме со чистење на сметот насекаде, но за почиста животна средина потребна е поголема совесност и од граѓаните.

Лограње

X

Регистрација