– ММС
Вести Свет

Доналд Трамп: Јас сум згоден, паметен и стабилен генијалец

Првиот човек на САД, Доналд Трамп, повторно на „Твитер“ себеси се нарече стабилен генијалец, додавајќи дека, освен тоа, и добро изгледа.

Тој притоа ги искористи и омилените квалификации за своите демократски ривали – поранешниот потпретседател Џо Бајден, градоначалникот на Индијана, Питер Бутигиета, и сенаторката Елизабет Ворен.

„Можете ли да замислите за претседател да го имате заспаниот Џо Бајден, потоа Алфред Нојман или многу нервозната и слаба верзија на Покахонтас (Ворен), наместо она што го имате сега – така згоден, паметен и стабилен генијалец“, напишал Трамп.

Лограње

X

Регистрација