– ММС
Вести Свет

Србија: Не може германски амбасадор на Србите да им кажува што е геноцид

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин, реагирајќи на изјавата на германскиот амбасадор во Србија дека во Сребреница (БиХ) пред 24 години се случил геноцид, рекол оти не се согласува амбасадор на Германија да им кажува на Србите што да мислат и што да прават, а особено да им објаснува што е геноцид, пренесуваат српски медиуми.

„По искуствата од двете светски војни, не му прилега на амбсадор на Германија да ни’ зборува што е геноцид“, рекол Вулин.

Германскиот амбасадор изјавил дека став на Германија и на останатите членки на ЕУ е оти во 1995 година во Сребреница е извршен геноцид и очекува од Србија да заземе таков став.

Лограње

X

Регистрација