– ММС
Вести Македонија

Скопјанец загина во сообраќајна несреќа кај Охрид

Педесет и петгодишен скопјанец го загуби животот во сообраќајна несреќа, која се случила вчера попладне на магистралниот пат Охрид- Кичево. МВР денеска соопшти дека до несреќата дошло кога патничкото возило „Цитроен Саксо“ со кое управувал скопјанецот, се судрило со товарно возило „Форд Транзит“  управувано од дваесет и седумгодишен охриѓанец.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид извршила екипа од СВР Охрид.

Лограње

X

Регистрација