– ММС
Вести Македонија

Повредена во сообраќајка ги бара своите спасители за да им се заблагодари

Слушателка на Канал 77 ни се обрати со молба да ја споделиме нејзината приказна, која може да и’ помогне да ги најде луѓето, кои на 26 мај годинава, и’ помогнале брзо да стигне до болница.

На кобниот ден, слушателката доживеала сообраќајка со туристички мотор на релација Кавадарци – Михајлово.

-Како во сон се сеќавам дека беше автомобил со сребрена боја. Очевидци потоа ми рекоа дека во него се возело семејство, родители со деца. Ме пренесоа до Детското одморалиште Михајлово, а потоа од таму со друго возило ме превезоа до болница. Само знам дека најверојатно бил автомобил Рено, со штипски регистерски ознаки, ни пишува слушателката.

На фотографијата е моделот на мотор со кој патувале.

Замолува да ја пренесеме пораката дека сака да ги пронајде луѓето кои и направиле добро во живтотот. Во редакцијата ни остави нејзин телефонски број, па доколку некој се препознае, може да ни напише на мејлот kanal77@kanal77.com.mk, или во инбокс на www.facebook.com/Kanal77 .

Лограње

X

Регистрација