– ММС
Вести Свет

Седум мртви и 120 повредени во невремето на Халкидики

Со пронаоѓањето на телото на еден човeк меѓu Созопол и Неа Каликратија, броојот на жртвите од невремето на Халкидики во Грција се изкачи на седум.  Идентитетиот се’ уште не утврден, но синоќа беше пријавен исчезнат рибар.

Меѓу седумте мртви се  руски, романски и чешки државјани, од кои две малолетни момчиња. Според податоците на Министерството за здравство, досега, 120 луѓе биле транспортирани во болница со амбулантни возила или со нивните сопствени возила.

Девет повредени хоспитализирани  вклучувајќи и една бремена жена се на интензивна нега, десетина повредени во болница во болницата Пилигиорс,  а примени се и  пет деца со помали повреди.

Вчера сите болници и здравствени центри во Северна Грција, кои примија пациенти за прва помош, се во состојба на зголемена подготвеност.

Светлината на денот ја покажа непроценливата штета на деловните објекти и приватните имоти во општината Неа Мармарис, на брегот на Свети Павле до Неа Каликратија и Потидаја, каде што се најголеми штетите. Покривите на куќите и продавниците се уништени, автомобили исто така, има паднати електрични столбови, на секој чекор се среќаваат искорнати дрвја.

Не возат возовите на линијата  Солун –  Александрополис и според TRAINOSE SA железничката линија меѓу Ксанти – Александрополис е вон функција поради поплавите предизвикани од обилните дождови во таа област.Нема струја во поголемиот дел од Халкидики, областа која во моментов е преполна со туристи, странски и грчки.

ÐåóìÝíåò ôÝíôåò êáôáóôçìÜôùí óå ðáñáëßá ôçò ×áëêéäéêÞò, áðü ôç óöïñäÞ êáêïêáéñßá ðïõ îÝóðáóå áñãÜ ôç íý÷ôá, ×áëêéäéêÞ, ÐÝìðôç 11 Éïõëßïõ 2019. ¸îé íåêñïß, äåêÜäåò ôñáõìáôßåò, îåñéæùìÝíá äÝíôñá, áíáðïäïãõñéóìÝíá áõôïêßíçôá, áíõðïëüãéóôåò õëéêÝò æçìéÝò, äñüìïé ðïõ ìåôáôñÜðçêáí óå ÷åéìÜññïõò: áõôüò åßíáé ï ìÝ÷ñé óôéãìÞò ôñáãéêüò áðïëïãéóìüò ôùí áêñáßùí êáéñéêþí öáéíïìÝíùí ðïõ ðëÞôôïõí áðü ÷èåò âñÜäõ ôç ×áëêéäéêÞ.Óçìåéþíåôáé ðùò ëüãù ôçò öïíéêÞò êáêïêáéñßáò ç åõñýôåñç ðåñéï÷Þ ôçò ×áëêéäéêÞò êçñý÷èçêå óå êáôÜóôáóç Ýêôáêôçò áíÜãêçò. ÁÐÅ ÌÐÅ/ÁÐÅ-ÌÐÅ/ÓÏÖÉÁ ÐÁÐÁÄÏÐÏÕËÏÕ

Министерот за одбрана, Никос Панајотопулос најави дека армијата ќе испрати сили и опрема за да им помогне во санирање од смртоносната катастрофа во Халкидики.

 

Лограње

X

Регистрација