– ММС
Спорт Фудбал

Ривалдо е јасен: Според мене, „Златната топка“ му припаѓа на Меси

Се чини дека одамна не постоела ваква дилема за тоа кој ќе ја освои „Златната топка“ за најдобар фудбалер на светот како што е случајот оваа година.

Кон крајот на сезоната делуваше дека Лео Меси е единственото име кое се истакнува на листата кандидати за оваа престижна награда, но со оглед на тоа дека неговата Барселона испадна од Ливерпул во Лигата на шампионите, а Ван Дајк со „Црвените“ го освои ова натпреварување, се појавија дилеми.

Многумина сметаат дека фантастичниот холандски дефанзивец заслужи да ја освои својата прва „Златна топка“, но легендарниот Бразилец Ривалдо сепак нема дилеми.

Тој смета дека Меси би требало да го освои своето шесто признание.

„Според моето мислење, ’Златната топка’ оваа сезона е на Меси. Ја заслужи поради се што направи. Не ја освои Лигата на шампионите, но поради она што го направи на индивидуален план треба да го добие признанието. Постигна многу голови, важни голови“, изјави Ривалдо.

Извор:  sportclub.mk

 

 

Лограње

X

Регистрација