– ММС
Вести Македонија Свет

Српски медиуми: Власта не му даде на Јаневски да гради деловно-станбен комплекс, па тој го раскина договорот со БИП?

 

Додека Светозар Јаневски тврди дека дека причина за повлекувањето на неговата компанија „М6 Еден СРБ“ од белградската фабрика за пиво БИП, чиј закупец беше, била тоа што не го остваруваа очекуваниот профит, „Данас“ пишува дека до раскинувањето на договорот за изнајмување на фабриката дошло бидејќи македонскиот бизнисмен, инаку сопственик и на „Тиквеш“, бил незадоволен што властите не му одобриле да изгради деловно-станбен комплекс на „Мостарска петла“, каде што се наоѓа фабриката.

– Причината за повлекувањето од БИП е многу едноставна и зад тоа не постои некоја „поголема приказна“. Пиварницата не остваруваше профит и поради тоа „М6 Еден СРБ“ го прекина закупот. Инаку, не заминуваме од Србија. Ќе продолжоме да работиме на нејзиниот пазар, само надвор од БИП – изјавил за „Данас“ Светозар Јаневски, додавајќи дека немало никакви притисоци кон „М6 Еден СРБ“ и оти во такви шпекулации не треба да се бараат причините за излегувањето на компанијата од закупот на единствената белградска пиварница.

„Данас“, повикувајќи се на „добро известени, но анонимни извори“, пренесеува дека причинината, сепак, била станбено-деловниот комплекс.

– На просторот каде што сега се наоѓа БИП, со градските урбанистички планови е предвидено поместување на фабриката за локацијата да се ослободи за атрактивни содржини. Се претпоставува дека Јаневски и „М6 Еден СРБ“, влегле во закуп на БИП токму заради тоа, односно и самите сакале на тој простор да изградат комерцијални содржини, односно станбено-деловен објект и се надевале дека како закупци ќе имаат предност. Паралелно со тоа, Јаневски сакаше да изгради полнилница на пиво во Остружница. Бидејќи со надлежите во Србија не е постигнат договор, дојде до повлекување од БИП – истакнал анонимниот соговорник на „Данас“.

Закупот на БИП почнал во 2017 година, а чинел 900.000 евра годишно.

Лограње

X

Регистрација