– ММС
Вести Македонија

АВМУ фатен во уште една злоупотреба и кршење на закон

Се’ уште не почнало со работа албанско – македонското национално радио, а веќе ги множи привилегиите од надлежната Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ). На сопственикот, стружанецот Фисник Татеши, крѓејќи го законот му дадоа рок да ја надополни докуемнтацијата, иако беше тендер и по автоматизам понудата требае да му биде отфрлена.

АВМУ сега му прави нова отстапка, па и покрај тоа што законот не дозволува, и се удоволува на барањето и му дава нови три месеци да ја комплетира опремата и да го продолжи рокот за отворање на радиото, под изговор дека бил „сериозен инвеститор“.

Работите стануваат уште попардоксални, откако овој „сериозен инвеститор“ плановите за инвестиција ги базира на опрема што ја нема, ама има намера да ја купи на јавно наддавање како дел од стечајната постапка од Радио Слободна Македонија. Од каде е толку сигурен дека на тоа јавно наддавање токму тој ќе ја добие опремата во ситуација кога во постапката има и други наддавачи?

Во тоа целосно го поддржуваат првите луѓе на АВМУ, а пртседателот на Советот Лазо Петрушевски вели дека е штета по 8 години залагање, да не му се даде шанса.

– Мислам дека треба да им се даде можност, штета би било тие осум години залагања (за отворање на макеоднско – албанско радио)да не му се даде шанса на работата да не ја заврши до крај. Комплексна е работата, треба да обезбеди предаватели, како што читав во материјалите кој планирал опремата да ја земе од Радио Слободна Маедонија, која во стечајна постпка, ама тука има правни процедури, не е само работата тој да има пари и да ја заврши работата. По мене тоа е оправдано. Јас предлагам сите да бидеме принципиелни и да го поддржиме, рече Петрушевски на денешната седница.

На ова се спротистави членот на АВМУ, Лазар Трајчев, кој е правник по професија и кои увиде кршење на закон и процедура.

– Според мене, со оглед на фактот што законот предвидел, мислам дека беше член 82 дека ненавременото отпочнување со работа е основа за одземање на дозволата и тоа е суштествен елемент во целата постапка. Дополнително на тоа, како што кажа директорот во самата понуда е даден рок за отпочнување на дејноста, кој што евалуиран со бодови, што е дадено од самиот понудувач. Тоа не е нешто што му е наметнато. Дополнително, врз основа на тоа е дадена правна поука и имал право благовремено да реагира доколку не се согласува. Јас лично предлогот нема да го поддржам, рече членот Лазар Трајчев.

Сепак на крај мнозинството му даде нови три месеци на Татеши да обезбеди опрема за радиото кое веќе требаше да зрачи во етер. АВМУ уште еднаш постапи по нечија агенда, веројатно дебело подмачкани во политички цели. Директорот Трајчевски зааедно со тандемот Милаим Фетаи и Лазо Петрушевски уште еднаш покажаа дека Агенцијата ја присвојија за свои цели, при тоа кршејќи закони, даваат дозволи за работа во оваа чувствителна област според свое видување, без некаков страв пред некој ќе одговараат за својата работа, однесувајќи се како недопирливи, како што е во пракса.

За незаконското работење со ова радио кривична пријава заработи целиот состав на Советот на АВМУ, вклучувајќи го и директорот Зоран Трајчевски, кој при тоа ја злоупотребил и службената положба и овластување, што е кривично дело.

Лограње

X

Регистрација