– ММС
Вести Култура Македонија

Во Велес отворена стрип изложба на млади автори од Велес, Куманово и од Кавадарци

Изложба на стрипови на млади автори синоќа беше отворена во Ликовниот салон во Велес. Изложбата е дел од проектот „Стрип училиште-стрипот во интеркултурна едукативна мисија” на Стрип-Центарот на Македонија од Велес, а на неа учествуваа млади автори, основци и средношколци  од Велес, Куманово и Кавадарци.

За време на дводневното стрип- училиште, 25 и 26 јуни, во Ученичкиот интернат во Велес млади автори од разна етничка припадност од трите градови, твореа стрипови на разни теми.

Ване Трајков, претседател на СЦМ-Велес, појасни дека целта на стрип-училиштето била младите талентирани уметници да научат некои финеси од стрипот и уште повеќе да го засакаат и да се насочат кон стрип- творештвото.

Проектот, кој е финансиран од Министерството за култура во рамките на програмата за интердисциплинарни дејности, ќе заврши до крај на месецот.

Синоќешната беше првата од трите планирани изложби до крајот на  јули.

Лограње

X

Регистрација