ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/10/19 8:29 PM

Пожар во затворот во Идризово, нема повредени и материјална штета

Пожар избувнал попладнето во Казнено-поправниот дом Идризово во просторија каде што се складирани ќебиња, но нема повредени лица и не е причинета материјална штета.

Како што изјави за МИА директорот на затворот, Боби Мојсоски, било запалено едно ќебе, но пожарот не се проширил и тој бил изгаснат од затворската полиција. Мојсоски нагласи дека во инцидентот нема повредени, ниту причинета материјална штета.

– Во затворот пристигнаа две возила на Противпожарната бригада. Во 17:47 часот е најавен пожарот, во 18:45 часот возилата се вратени во центарот во Автокоманда, истакна за МИА, командирот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7