– ММС
Вести Македонија

Иако нема датум, Владата се подготви за преговорите: Ја кани и опозицијата да преговара за членството во ЕУ

Владата ја кани опозицијата да учествува во преговорите со Европската Унија.  Веќе е утврдена преговарачката структура која ќе ја водат 7 тела со различни ингеренции. Носител на преговорите ќе биде администрацијата, а Секретаријатот за европски прашања се трансформира во Секретаријат за преговори со ЕУ.

Според вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, Македонија не очекува Грција, да го попречи добивањето на датум од ЕУ во октомври, за старт на преговорите. Османи потенцира дека од датумот во октомври не’ дели само техничката процедура во Будестагот. Но, додека не се донесе формална одлука за датум, вели, ништо не е завршено.

Во овој период бараме состаноци и средби со членките, ќе работиме од најголемите поддржувачи до најголемите скептици за да разговараме со нив за тоа што сме направиле во конкретниот период. РСМ ги има исполнето барањата на земјите-членки за започнување преговори. Важно е да се надмине оваа техничка пречка на Бундестагот, ги разгледуваме и датумите на седниците на Бундестагот, за да ја вклопат и нашата тема за да се разгледа, додека со Франција работиме како што работиме со сите членки за да понудиме аргументи дека ако некоја земја-членка заслужува преговори, тоа е Република Северна Македонија“, изјави Османи, додавајќи дека недобивањето датум за преговори наесен ќе влијае негативно врз реформските процеси и ќе создаде неизвесна атмосфера.

Доколку Македонија не добие датум за преговори со Европската унија во Октомври тоа ќе создаде атмосфера на неизвесност и пореметување на политичките и реформските процеси.

Лограње

X

Регистрација