ММС

Ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа во приоритетите на грчкото МНР

Ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа и европската перспектива на Западен Балкан се дел од седумте итни приоритети на грчката Влада во однос на грчкото МНР, јави дописничката на Македонската информативна агенција од Атина.

Новиот премиер, Кирјакос Мицотакис на денешната прва седница на Владата на секој од министрите им подели по еден син коверт/папка што се однесува на  „целите на секое министерство, но и на нерешените прашања и на обврските што ги остави претходната влада”.

Во Министерството за надворешни работи стратешки избор е „зајакнување на позицијата на Грција во светот”. Итните владини приоритетисе: надградување на грчкото присуство во Европската унија со суштински придонес во институционалната дискусија за иднината,зајакнување на врските на земјата со традиционалните сојузници и истовремено одржување на отворените канали за комуникација и меѓународната соработка под услови на меѓусебнопочитување и интересстабилизација на земјите од Западен Балкан преку промоција на нивната европска перспектива, ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа, интегрирање на засебните структури за екстровертност во една единствена структура (формирање структура во Министерството за надворешни работи) и поддршка на екстровертноста на бизнисите .

Секое од министерствата има свои цели и стратегии што треба да се постигнат.

Заедно со стратегијата за секое министерство, како што утрово рече Мицотакис на првата владина седница, во коверите/папките до министрите има и „програма со активности до декември, шестмесечен план со иницијативи, како и специјален формулар со идеи и предлози” на министрите во пресрет на презентацијата на владината програма во Парламентот и објасни дека ќе постои електронски систем за следење на напредокот во секоја област.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.