– ММС
Uncategorized Забава

Храна која предизвикува главоболка

Постојат многу видови на храна кои под одредени услови можат да бидат причина за главоболка.

Ако сте и вие меѓу оние кои често или барем понекогаш ги мачи мигрена сигурно ќе ве заинтересираат податоците на најновите истражувања.

Општо земено, најнегативно влијаат:

Сирења кои долго стојат и други намирници кои содржат тирамин: црвено вино и други алкохолни пијалоци, месни производи и друго.

Алкохол – протокот на крв во мозокот се зголемува додека пиете алкохол и тоа може да биде ,,активатор” за почеток на главоболка. Значи – црвено вино, пиво, виски и шампањ се, според експертите, најчести почетници на оваа досадна болест.

Додатоци во исхраната – разни адитиви. Адитивите на намирниците обезбедуваат подолга трајност и стабилност. Тие, сепак, можат да бидат причина за главоболки.

Ладни намирници – можеби не сте знаеле дека на некои луѓе ладната храна влијае неповолно, предизвикувајќи им главоболки.

Голема е веројатноста дека тоа ќе се случи ако вашето тело е веќе загреано, на пример со физичка активност или со надворешни високи температури. Болката тогаш се јавува во горната половина од главата и трае од неколку секунди до неколку минути. Истражувањата покажуваат дека повеќе од 90 проценти од луѓето кои страдаат од хронична мигрена имаат чувствителност кон сладолед и други студени супстанци.

Останати намирници кои предизвикуваат главоболка:

кикирики, путер од кикирики, ореви

пица

чипс

пилешки црн дроб

пушена риба

домашни крофни, колачи и леб

десерти кои содржат сирење

суво овошје

супа со месни адитиви

јогурт

кофеин кој го има во чоколадо, какао, кафе, чај

вештачки засладувачи

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација