– ММС
Uncategorized Забава

Прва помош за сончаница: Еве како да се справите со првите симптоми

Сончаница се јавува кога главата, особено тилот е изложен на висока температура. Првите симптоми се главоболка, вртоглавица, немир, смаченост, црвенило на лицето и телесна температура над 38,9 степени.

Подоцна може да се јави зуење во ушите, проблеми со видот и омалаксаност, а можна е и несвестица. Добро знаеме дека од силното сонце морате да се тргнете. Исто така, ова се неколку совети за да си помогнете себеси или на некоја личност која има сончаница.

1.Тргнете ја личноста на разладено место

Отстранете го вишокот како што се чорапи, чевли, капа за да се забрза ладењето. Разладете ја личноста со умерено ладен туш или кадата наполнете ја со вода.

Ставете мокра крпа или пешкир на задниот дел на вратот, препоните и/или под пазувите. Ако постои можност испрскајте ја личноста со вода и разладете ја со вентилатор. Тоа можете да го направите така што ќе ставите влажна крпа или пешкир на личноста и насочете го вентилаторот во неа што ќе придонесе за испарување на топлината.

2. Легнете

Кај сончаница можна е несвестица па затоа е важно да легнете. Ако личноста се онесвести свртете ја на левата страна (на таа страна е срцето па циркулацијата побрзо ќе проработи) со левата нога свиткана за одржување на стабилноста.

3. Надокнадете со течности, но не пребрзо

Пијте солена вода (1 лажичка сол на децилитар вода) што ќе ја потисне дехидрацијата и загубата на сол предизвикана од потењето.

4. Останете мирни

Личноста може да ја фати паника, но важно е да се остане мирен, а тоа е најлесно да се постигне со длабоко дишење. Чувството на вознемиреност само ќе го забрза пумпањето на крв што дополнително ќе ја зголеми температурата на телото.

5. Во зависност од јачината и траењето на симптомите, повикајте брза помош

Ако главоболката, вртоглавицата, немирот и црвенилото на лицето траат повеќе од еден час, потребно е да се јавите на брза помош.

Извор: denar.mk

Лограње

X

Регистрација