ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/10/19 12:29 PM

(Галерија) Стари фотографии од Охрид изложени во Куќата на Уранија

Синоќа, во рамките на овогодишната Охридската научна и уметничка визита, на публиката и беше приопштен атрактивниот избор од  стари фотографии на германскиот автор Курт Хејлишер.

Пред бројната публика, експонатите ги претстави академик Катица Ќулафкова.

-Станува збор за едно специфично патешествие од времето на 1910 – тите, 1920 – тите и 1930 – тите години, во тогашното кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Хејлишер бил во посета на на подрачја од Босна до Македонија.Направил 1200 фотографи од кои самиот  Хејлешер избрал 191 фотографија и објаснил дека сака да го покаже атрактивниот различен карактер на земјите, архитектурата и начинот на живот на тогашните Југословени.Направил посебен албум за фотографиите од Македонија, кои, покрај документгарна имаат и уметничка вредност, бидејќи до израз доагаат самите изрази на лицата, но и на носиите и амбиентот – потенцираше академик Ќулафкова.

Хајлишер е автор е на неколку значајни и успешни книги со земјописи, архитектура и фотографии за Италија, Шпанија, Германија.

Поради својата работа бил поканет е во Белград од страна на тогашната власт на кралството СХС (кралство на Србите, Хрватите и Словенците).

Од Охрид, изложбата се сели во Бигорскиот манастир, каде ќе добиа посебна специфика и атрактивност, бидејќи, таму, ќе бидат изложени и оригиналните носии, предмети и други вредности, што можат да се забележат на фотографиите на Хајлишер.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7