ММС

Објавено на: 07/9/19 3:52 PM

Тери по стапките на Лампард: Легендата на Челзи добива работа во Премиер лигата

Џон Тери е дел од стручниот штаб на Астон Вила, која предводена од Дин Смит успеа да дојде до кам-бек во Премиер лигата.

Сега би можел неочекувано како и Френк Лампард да добие самостојна тренерска работа во Премиер лигата.

Имено, обложувалниците ги намалија коефициентите, изгледа дека нешто се подготвува, а во прашање е Њукасл.

Нив, по заминувањето на Рафа Бенитез, ги одби Стивен Џерард, исто така не успеаја да се договорат со Кике Флорес, а Мурињо е нереална мисија.

Мајк Ешли и понатаму е газда на клубот, конзорциумот од Дубаи не донесе гаранции дека ќе го откупи клубот. Навивачите се против газдите, особено по заминувањето на Бенитез кој со младиот тим успеа да ги спаси „Гавраните“. Веќе го продадоа Ајозе Перез во Лестер, а наводно Ешли обезбедил околу 100 милиони фунти за засилувања, но никој не му верува.

Дали Тери ќе ја прифати оваа улога, ако понудата навистина постои и дали е рано за работа во така голем клуб?

Извор:  sportclub.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.