– ММС
Вести Македонија

Заев: Јас сум жртва на мојата отвореност

Излегувањето на снимката објавена од руските комичари Вован (Владимир Кузенцов) и Лексус (Алексеј Столаров) во која од името на поранешниот украински претседател, Петро Порошенко, разговараат со македонскиот премиер, Зоран Заев, беше повод за прес конференција на макеоднскиот премиер. Тој им се извини на граѓаните за пропустот, што и покрај користењето на дипломатските протокли за комуникација, се случиле снимените разговори со комичарите.  Додаде дека материјалите се монтирани, односно сечени и лепени. Рече дека нема намера да даде оставка.

-Јас сум жртва на мојата отвореност и достапност за сите. Ова е нов аларм за нас и џелиот демократски свет на лажните вести и манипулации. Случајот потврдува да се преиспитат и потврдат протоклите за дипломатска комуникација.Најавувам – брзо владата ќе излезе со итен план за специјалната акција за ширење на дезинформации, рече Заев.

Лограње

X

Регистрација