– ММС
Вести Македонија Сообраќаен Сервис

Изменет сообраќаен режим на патниот правец Делчево-Пехчево

Фото: Архива

Поради асфалтирање на дел од патната мрежа, сообраќајот на патниот правец од Делчево кон Пехчево, во близина на село Црник се одвива со изменет дневен режим. Како што известија, раководните лица на ГД Гранит, измената на режимот на сообраќајот го регулираат вработени од Претпријатието, кои ги пренасочуваат возачите кон алтернативни патишта.

„Конкретно денес го асфалтираме делот во близина на село Црник и поради мостот кој е опфатен од асфалтирањето, имавме краткотраен прекин во сообраќајот. За време на асфалтирањето, возилата кои сообраќаат по овој патен правец, се пренасочуваат по блиските земјени патишта. Упатуваме апел до возачите да имаат трпение за време на асфалтирањето и без одобрение, да не се движат по штотуку асфалтираниот пат, бидејки освен што го оштетуваат асфалтот, ги оштетуваат и своите возила“, велат од Претпријатието.

Асфалтирањето продолжува и во наредните денови, а очекувањата се  градежните работи на овој потег до четврток да бидат завршени.

Лограње

X

Регистрација