– ММС
Вести Македонија

Го нарушувала јавниот ред и мир: МВР со детали за приведувањето на мајката на Пино

Maја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо, вчера беше приведена во Полициската станица Беко. МВР ја потврди информацијата, а освен Трпковска приведени беа уште две лица.

Во 17.45 додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – се вели во официјалното соопштение на МВР.

Лограње

X

Регистрација