ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/7/19 7:33 AM

Почнува кампањата „Лето без пожари”

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе започне со кампања и превентивни активности за реализација на кампања „Лето без пожари”.

Како што информираат од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Град Скопје ПП Бригада на Град Скопје и Црвен крст на Град Скопје ќе започне кампањата за превенција на пожари на отворено во летниот период.

Активностите ќе се реализираат на начин што полициски службеници ќе остварат средби со рекреативците посетители на „Парк шума Водно” по случаен избор ќе сопираат и патнички моторни возила и на возачите ќе им укажуваат за ризиците од појава на пожар и штетите од евентуалната појава на пожари на отворено со укажување од последиците и да не палат оган на отворено.

Од страна на ППБ на Град Скопје ќе се направи обука и симулација на гасење на шумски пожар на вработените од Паркови и зеленило на Град Скопје и заинтересираните граѓани посетители рекреативци.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1