ММС

Објавено на: 07/5/19 7:41 PM

Охриѓани поставија УНЕСКО бројчаник

Како едно колективно потсетување за сите до каде е реално дојдена работата со заштитата на Охридскиот регион, одденес ќе знаеме уште точно колку време остана до 1-ви февруари преку „UNESCO:Бројчаникот“ на охридскиот информативен портал OhridPress.

– Бројчаникот ќе остане до 1-ви февруарии ќе не потсетува сите, а особено одговорните и најзасегнатите за важноста, но овој пат и за брзината со која мора да ги носат одлуките, порачуваат од OhridPress и Супер радио.

Комитетот за  светско наследство, кој се одржа во Баку, Азербејџан, на властите во Охрид и Македонија им беше даден дополнителен рок до први февруари 2020 година да ги исполнат сите поставени барања, меѓу кои и уривање на 1100 дивоградби. Охрижани ова го преточија во бројчаник, кој постојано ќе потсетува дека времето за рекација незапирливо тече.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1