Тамара нема да настапи во Прилеп и Охрид
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/5/19 7:30 PM

Тамара нема да настапи во Прилеп и Охрид

По последните силни јавни реакции со скандалот со пеењето на нецелосната Химна на прославата на националниот празник на САД, пејачката Тамара Тодевска ги откажа настапите во Охрид и Прилеп. Ваквата своја одлука, Тамара ја соопшти на Фејсбук.

“Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор”, напиша Тамара на Фејсбук.

Бројни се реакциите во јавноста по настапот на Тамара. Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова коментираше:„Ниту случајно згреши, ниту ненамерно ја изостави строфата со Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански… Ова беше класично пуштање на пробен балон!“, напиша Цветанова.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7