ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/4/19 1:20 PM

Во полошко возилата за време на летниот период ќе се паркираат во дворовите на училиштата

Во полошко возилата за време на летниот период ќе се паркираат во дворовите на училиштата. Секторот за внатрешни работи Тетово, апелира до возачите, да ги користат овие привремени паркинг простори, кои се бесплатни. Во меѓувреме општинските власти не најдоа постојано решение за проблемот со недостигот на паркинг простор.

За да се овозможи нормален и проточен сообраќај од Секторот за внатрешни работи Тетово велат дека во соработка со општините Тетово и Гостивар, како привремени паркинг простори, ќе ги пушти во употреба дворовите на училиштата на местата каде што има зголемена фрекфенција во сообраќајот.

Со доаѓањето на привремено вработените во странсво, кои традиционално дел од летниот одмор го поминуваат во нивните родни краишта, се зголемува и фреквенцијата во сообраќајот во поширокото Полошко подрачје, а со тоа се зголеми и потребата од повеќе места за паркирање во Тетово и Гостивар. Во градското подрачје на Тетово граѓаните нивните возила можат да ги паркират во дворовите на средното училиште ,,Кирил Пејчиновиќ”, Гимназија, кај старото медицинско училиште, како и кај основното училиште ,,Истикбал”. Во Гостивар, за оваа намена, привремено се ослободени за паркирање дворовите на сите основни и средни училишта, кои се наоѓаат во градот, велат од СВР Тетово

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира до возачите, да ги користат овие привремени паркинг простори, кои се бесплатни и нивните возила да не ги паркираат каде што ќе стигнат, да ги почитуваат законските правила и прописи во сообраќајот, за да се овозможи нормален и проточен сообраќај. СВР Тетово ги потсетува граѓаните дека казните за погрешно и непрописно паркирање се движат од 20 до 180 евра во денарска противвредност или порамнување со негативни поени.

И додека полицијата апелира на сообраќајна дисциплина и казни за погрешно паркирање, граѓаните велат дека се паркираат каде ќе се снајдат затоа што во градот нема доволно паркинг места.

Во Тетово има околу 1000 паркинг вклучувајќи го тука и паркриањето во рамки на А и Б зоната. Општината досега нема преземено конкренти мерки за отворање на затворени паркинзи и проширување на зонското паркирање и во останатиот дел на Тетово

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7