Кочан бара да не оди во затвор поради незавршена работа
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/3/19 9:27 PM

Кочан бара да не оди во затвор поради незавршена работа

Бизнисменот Сеад Кочан побарал од Кривичниот суд да не оди во затвор на 17 јули, датум на кој требаше да започне со издржувањето на затворската казна од 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“, објави Телма.

Според телевизијата, судија за извршување на санкција веке одлучил, но не ја откриваат одлуката, дали казната ќе биде одложена и летово ќе остане на слобода, или, сепак ќе треба да се појави во затвор за две недели.

Од судот за Телма изјавиле дека постапката е во фаза на достава и се додека не биде информиран Кочан, одлуката нема да се соопшти во јавноста.

Кочан барал да му се одложи издржувањето на затворската казна според една од осумте точки предвидени во законот која се однесува на итна незавршена работа.

За оваа точка законот предвидува дека осудениот може да добие одложување на казната до најмногу 3 месеци. На одлуката на судијата за извршување на санкции право на жаба во рок од три дена имаат и Кочан и СЈО.

Кричивен минатото лето ја објави првостепената пресуда за Труст. Кочан доби 6 години затвор второ обвинетиот Василие Авриовиќ 2 години. Сафет Ватиќ доби ослободителна. Со пресудата на Апелација казните се намалија, па Кочан доби 4 години и 8 месеци, а Авировиќ – условна.

Со пресудата е предвидена и конфискација во вредност од 17 милиони евра колку што тежи тендерот од ЕЛЕМ за ископ на јаглен од Суводол кој го добил козорциумот од три фирми.

Ова требаше да биде и првата посериозна сума што ке се заврти на бројчаникот за вратени пари. Но, иако пресудата е е правосилна а голем дел од сумата замрзната според последните информации се уште не е извршена конфискација.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7