Се' за храна: 14 здравствени придобивки од суви кајсии
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/2/19 6:13 PM

Се’ за храна: 14 здравствени придобивки од суви кајсии

Сувите кајсии се вкусна храна, корисни за добро здравје и изобилуваат со хранливи материи кои се задржуваат во нивниот состав и по сушењето. Сите здравствени придобивки од суви кајсии се значајни и му помагаат на организмот против голем број заболувања на кожата, косата, а исто така одлични се за организмот во целост.

Сувите кајсии се добиваат со посебен процес на сушење кој ја евапорира водата од овошјето, без да ја оштети или намали хранителната вредност на сувото овошје. Во својот состав содржат калциум, калиум, фосфор, витамин А, железо и витамин Ц. Сервирана количина од една шолја суви кајсии содржи 158 микрограми витамин А, а исто така содржат и многу други хранливи материи кои се многу корисни за целокупното здравје.

Листата на здравствени придобивки од суви кајсии, односно листата на болести кои ги спречуваат кајсиите или помагаат во нивна превенција е долга:

  1. Анемија – Тие се одличен извор на железо и помагач во врзувањето на хемоглобинот, што посебно е значајно за жените за време на менструален циклус.
  2. Констипација – Сувите кајсии содржат целулоза и пектин. Целулозата е значајна, се однесува како нерастворливи влакна и има лаксативно дејство, а пектинот е важен за одржување на содржината на вода во цревата.
  3. Дигестија – Го подобруваат и стимулираат варењето на храната, а посебно ако се земат пред оброк.
  4. Треска – Може да се подготват како компот и кога на тоа ќе се додаде мед, дејството е уште поголемо. Освен тоа помагаат да се намали и жедта.
  5. Кожа – Спречуваат појава на акни и ја чистат кожата од нив, а исто така се користат за ексфолијација.
  6. Го чистат дигестивниот систем – Делуваат како нежен лаксатив во отстранување на остатоците од храна од цревата.
  7. Гинеколошко здравје – Сувите кајсии се користат како растителен лек посебно за време на бременост. При секојдневна консумација го стимулираат лачењето на млеко кај мајките. Помагаат против неплодност, хеморагија и спазам, a помагаат и при вагинални инфекции.
  8. Го регулираат отчукувањето на срцето – Тие се одличен извор на калиум, кој е корисен минерал и електролит за правилна размена на течностите во организмот.
  9. Добар вид – Сувите кајсии содржат висока количина на витамин А, кој е неопходен за добар вид и е моќен антиоксиданс кој помага во отстранувањњето на слободните радикали од телото и на тој начин ги чува очите од катаракта или други оштетувања на очната леќа.
  10. Олеснуваат астма – Помагаат во лекување и олеснување на симптомите при туберкулоза, астма и бронхитис.
  11. Сјај на кожата – Маслото од суви кајсии е многу корисно за сјајна и мазна кожа, а исто така е добар лек за болки во ушите.
  12. Висок крвен притисок – Бидејќи содржат калиум и тоа три пати повеќе од бананите и содржат само незначителна количина на сол во трагови, сувите кајсии се многу корисни во намалување на крвниот притисок.
  13. Изградба на мускулите – Калиумот во нивниот состав е корисен и за подобар метаболизам на ткивата, органите и другите клетки. Според тоа, игра важна улога и во изградбата на мускулите, синтезата на протеини и растот на телото.
  14. Згрутчување на крвта – Содржат витамин К, кој е неопходен за згрутчување на крвта во случај на повреди и делува како помош за спречување на претерани крварења.

Ако се соочувате со некоја од погоре наброените состојби, воопшто не се двоумете и тргнете во набавка, здравствени придобивки од суви кајсии има многу, организмот ќе ви биде благодарен!

Преземено од: sezahrana.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7