ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/19 10:32 AM

Промоција на „Македонски безбедносни лавиринти”

Во Домот на АРМ во Скопје вечерва ќе биде промовирана трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти” на Свето Стаменов, политиколог, новинар на Македонското радио – Радио Скопје и публицист, и на проф. д-р Трајан Гоцевски, универзитетски професор и поранешен декан на Филозофскиот факултет во Скопје, експерт од областа на одбраната и безбедноста и прв цивилен министер за одбрана на независна и суверена Република Македонија и член на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

Во три книги на 1.200 страници се објавени 49 интервјуа кои беа емитувани на програмите на Македонското радио – Радио Скопје во периодот од 2006 до 2018 година.

Промотори на трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти” се Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Република Северна Македонија, проф. д-р Лидија Георгиева, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, Зоран Иванов, новинар и публицист и доцент д-р Марјан Ѓуровски, продекан за наука и развој на Факултетот за безбедност во Скопје. За уметничкиот дел е задолжен младиот македонски виртуоз напијано со светско реноме Арда Мустафаоглу, а модератор на промоцијата ќе биде Анета Трпевска, спикер на Македонското радио – Радио Скопје.

Во својата рецензија проф. д-р Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија, меѓу другото посочува дека трилогијата „Македонски безбедносни лавиринти” е несомнено исклучително публицистичко дело и тоа од најмалку две причини.

– Прво, затоа што е вистинска реткост кај нас да прочитате книга во која е поместена долга серија интервјуа со директен сведок на историјата, и второ, затоа што со ваков потфат се имаат зафатено двајца врвни професионалци во своите области: одбраната и безбедноста, од една, и новинарството, од друга страна”.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7