ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/19 9:13 AM

Алергија од сонце или убод од морски еж се најчестите опасности кои демнат на одмор

Алергија од сонце, опекотини од втор степен, топлотен удар, убод од морски еж и опекотини од медуза се само дел од опасностите кои ги демнат туристите кои заминуваат на летување. Па затоа пред да заминете на одмор, лекарите препорачуваат темелна подготовка.

Еве кои се најчестите „морски опасности“, како да се заштитите и без грижа да уживате во вашиот одмор, а не пола од вашето летување да го поминете во лекарска ординација.

Алергија од сонце
Во текот на последните години се повеќе луѓе имаат проблем со алергии од сонце. Оваа појава може да биде прилично непријатна за туристите кои заминуваат на море, затоа што може да се манифестира со зголемено чешање на кожата и обилно црвенило.

Ситен осип, црвенило и чешање се сигурни знаци дека имате алергија од сонце. Поради тоа многу е важно како туристи да заминете подготвени на море со цел да не доживеете ваква непријатност. Важно е пред да заминете на одмор почесто да се изложувате на сонце за да ја видите реакцијата на вашата кожа. Доколку дојде до овие симптоми се препорачува да се земе соодветна терапија, односно адекватни лекови.

Топлотен удар и опекотини предизвикани од сонце
Темната кожа односно „морска боја“ е нешто што повеќето луѓе кои сакаат да го постигнат  на летување, но за жал во таа намера многу често се претерува со изложување на најтоплото сонце, што може да заврши со топлотен удар, сончаница или опекотини.

Со повеќе часовното изложување на главата на сонце, посебно во ситуации кога има висока температура која директно е насочена кон главата, под влијание на сончевата топлина доаѓа до сончаница чиј симптом често потсетува на оној кој се јавува при потрес на мозокот.

Силна главоболка, сува кожа, постојано зголемување на температурата на телото, вртоглавица, зуење во ушите, забрзан пулс и зголемено потење се сигурни знаци на сончаница.

Во случаи кога организмот станува слаб по сончаницата или топлотниот удар, со оглед на тоа дека имаат многу слични симптоми, најважно е да интервенирате и да почнете да се разладувате, ставање на ладни облоги и конзумирање на ладни напитоци.

Претераното изложување на сонце може да предизвика и опекотини, посебно доколку кожата не била подготвена. Често се случува да се вратите со поприлично големи опекотини и црвенило на кожата поради невнимание. Тогаш е многу важно да ја ладите кожата, на воспалената кожа треба да ставате медикамент кој ќе одговара и да внесувате што повеќе течности.

Вакцина против тетанус, главно оружје против убод од морски еж
Убодо од морски еж не може да се предвиди ниту на посебен начин може да се избегне, многу е важно пред заминување на море со себе да го понесете имунолошкиот картон , односно да се утврди дали вакцината против тетанус во вашиот организам се уште има дејство.

Напади од медуза
Пецкање и опекотини се симптомите кои може да ги предизвика медузата има слично дејство како и пецкање од коприви, но според лекарите многу важно е во тој случај да се реагира веднаш и да се преземе соодветна терапија.

Стомачен вирус
Еден од најчестите проблеми е така наречената патничка дијареа. Промената на начинот на исхрана и вода можеда донесе со проблеми со црвната флора и до појава на цревна инфекција. Во овој случај многу е важно организмот да се подготви пред да заминете на одмор.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7