– ММС
Забава

6 причини зошто почесто да користите лимон во исхраната

Лимонот е популарнo цитрусно овошје кое најчесто се користи за правење на пијалоци и преливи за салата, а ретко се јаде самостојно, за разлика на пример. од портокалите и мандарините. Претставува добар извор на витамин Ц и флавоноиди кои придонесуваат за подобро здравје.

– Го намалува ризикот од мозочен удар: Според една четиринаесетгодишна американска студија во која учествувале 70.000 жени, лицата кои јаделе најмногу цитрусно овошје имале за 19 проценти помал ризик од исхемичен мозочен удар во споредба со оние кои јаделе многу малку од ова овошје.

– Го спречува развојот на хипертензија: Една јапонска студија исто така покажала дека жените кои секојдневно го користат лимонот во исхраната имаат понизок крвен притисок од оние кои не јадат лимон.

– Го  успорува стареењето на кожата: Витаминот Ц од лимонот го стимулира формирањето на колаген кој е од суштинско значење за спречување на брчки. Овој витамин како и другите антиоксиданти кои лимонот ги содржи се бори против загадувањето и штетата предизвикана од УВ зрачењето.

– Помага во спречување на астма: истражувањата покажуваат дека луѓето кои внесуваат поголема количина на одредени хранливи состојки, меѓу кои и витамин Ц, го намалуваат ризикот од развој на астма. Една студија исто така покажала дека витаминот Ц ги ублажува симптомите кај луѓето со астма кога настинуваат.

– Ја подобрува апсорпцијата на железо: Недостатокот на железо е една од главните причини за анемија и меѓу најчестите недостатоци на хранливи материи во развиените земји. Консумирањето на храната богата со железо во комбинација со витамин Ц ја подобрува способноста на телото да го апсорбира железото од храната.

– Го зајакнува имунолошкиот систем: Храна богата со витамин Ц и флавоноиди, како што се лимоните и други цитруси, го зајакнува имунитетот и го намалува ризикот од настинки и грип.

Извор: denar.mk

 

Лограње

X

Регистрација