– ММС
Вести Македонија

Производителите на праски во агонија: Ниска цена, а нема и купувачи

Полни приколки со праски. Тажни и револтирани земјоделци. Ваква е сликата денеска на кванташкиот пазар во Росоман. Една гајба од 10 килограми за само 40 денари. Тоа е цената што им се плаќа на производителите. Велат,  таа цена ни од далеку не ги покрива трошоците кои досега ги вложиле за производство. Искрени се, дека проблемот со пласманот го имаат од осамостојувањето на државата. Лути се бидејќи ниедна власт до сега не направила ништо да се надмине нивната агонија.

„Моментално берам праска. Ја даваме гајбата од 40 денари до 80 денари, зависно кој ден како. Гајбата е од 8 до 10 килограми. Во секој сектор на земјоделството е катастрофа.  Таа гајба на праски треба да биде реална цена 500 денари, спроед квалитето кој јас денеска го продадов. Скапи се препаратите за заштита. Навистина не исплаливо. Неможиемд а обезбедиме егизстенција“, се жали Драги Петров земјоделец од Росоман. Тој раскажа дека поради девалвираната цена на земјоделското производство неговите деца веќе не сакаат да работат на нива.

Со проблеми во пласманот се соочуваат сите стотина производители на праска и кајсија во најголемиот регион за производство на ова овошје,  кои денеска чекаа купувачи на кванташки пазар во Росоман.

Бараат државата да им помогне, бидејќи голем дел од производството годинава ќе им останело на нива.

Пред десетина дена во Росоман беа претставници на МЗШВ. Пред нив еден трговец  јавно кажа дека е подготвен да го откупи целиот род по цена од 15 до 20 денари за килограм, но  заминал од Росоман по само два дена.

 

Ангел Данов

Лограње

X

Регистрација